Германска комесарка: Треба да се забрани покривањето на главата на девојчињата

Германија треба да размисли за забрана за носење марама на девојчињата, изјави денес комесарката за интеграција Анет Видман-Мауз откако тој закон е веќе усвоен од Австрија.

Австрискиот парламент оваа недела го дополни законот за училиштата според кој девојчињата во основните училишта нема да можат да ја покриваат главата од религиозни или идеолошки причини, а родителите чии ќерки постојано доаѓаат на училиште покриени со марама ќе плаќаат казни до 440 евра.

„Апсурдно е мали девојчиња да бидат со покриени глави. Со тоа се согласуваат и повеќето муслимани“, рече германската комесарка за Билд.

„Треба да ги разгледаме и примениме сите мерки за да ги заштитиме девојчињата, од состаноци со родителите и претставници на училиштата до забрана“, рече политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.

Неколку германски конзервативни политичари денес објавија заедничка изјава во која исто така бараат расправа за забрана за носење на марами за девојчињата, но не само во основните туку и во средните училишта, односно, до полнолетство.

Во дополнувањата на австрискиот закон се вели дека со новата политика „се сака да се постигне социјална интеграција на децата во согласност со локалните обичаи, заштитувајќи ги уставните вредности, образовните цели и родовата еднаквост“.

Организацијата на австриските муслимани смета дека овој закон е дискриминаторски и најави судска битка за да го поништи.

Австриската коалициска влада на Народната партија на десниот центар и крајно десната Слободарска партија јасно стави до знаење дека новиот закон се однесува на муслиманите бидејќи со него се бара забрана за покривање на целата или речиси целата коса.

Од законот се ослободени групите кои носат мала покривка за главата, како момчињата сики и еврејските момчиња кои ја носат капата кипа.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе