Набргу по отворањето

Германија затвори две училишта поради случаи на ковид-19

Стотици деца беа испратени дома откако Германија затвори две училишта поради инфекции со коронавирусот, што ја задуши надежта за враќање на нормала по летните одмори.

Само неколку дена откако училиштата во државата Мекленбург-Западна Померанија први повторно почнаа со полно работно време по распустот, околу 800 ученици беа принудени да заминат дома од гимназијата Гете во Лудвигслуст откако еден наставник беше тестиран позитивно на ковид-19.

Наставникот не одржал ниеден час откако средното училиште беше отворено во понеделникот, но сите 55 наставници сега ќе треба да бидат тестирани за вирусот.

Училиштето ќе остане затворено барем до среда, се вели во соопштението издадено од локалните власти.

Во одделен случај 100 ученици од основно училиште во областа Росток се ставени во двонеделен карантин, откако за еден ученик беше потврдено дека е заразен.

Ситуацијата во Мекленбург-Западна Померанија внимателно се следи низ целата земја бидејќи таа беше првата од 16-те германски држави што ги отвори училишните порти во понеделникот по летниот распуст.

Државните министри за образование во јули се согласија дека училиштата ќе се вратат со полно работно време во новата учебна година. Но критичарите се сомневаат дали тоа би било реално, бидејќи стапките на инфекција повторно растат.

Најновите карантини во северниот регион, исто така, би послужиле како предупредување, бидејќи децата во главниот град Берлин и оние во најнаселената држава во Германија, Северна Рајна-Вестфалија, се претпоставува дека ќе се вратат на училиште од следната недела.

Германија досега помина релативно добро во кризата со коронавирусот, но благото покачување на бројот на случаите, кое им се припишува на Германците што се враќаат од одмор, предизвика загриженост во последните неколку недели.

Вчера бројот на нови случаи се искачи над границата од 1.000 - ниво што не беше видено од 7 мај.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе