Германија забрани продажба на пластични производи за еднократна употреба

Германија денес воведе забрана на продажбата на пластични производи за еднократна употреба, применувајќи ја така европската директива за зачувување на океаните од загадување.

EPA-EFE

Новиот закон, изгласан во септември минатата година, стапува на сила денес и забранува, меѓу другото, пластични „стапчиња за уши, есцајг, чинии, сламки, лажички и чаши“.

Забранети се и некои полистиренски амбалажи кои се користат за пакување храна.

Германскиот закон ја применува европската директива усвоена во 2018 по повеќе месеци преговори меѓу членките на ЕУ со која беа забранети повеќе различни категории пластика.

Според Европската комисија, производите на кои е насочена директивата претставуваат 70 отсто од ѓубрето кое завршува во океаните и на плажите.

Продажбата на постоечките залихи би требало да остане дозволена и по 2021 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе