Германија забрани паметни часовници за деца бидејќи родителите ги користат за шпионирање

Германија забрани продажба на паметни часовници за деца откако надзорно тело ги опиша како шпионски уреди, пишува Би-би-си.

Надзорната агенција Бунденетцагентур (BnetzA) ги упати родителите да ги уништат паметните часовници на своите деца: „Лошо обезбедените паметни уреди дозволуваат нарушување на приватноста. Тоа е навистина загрижувачко кога станува збор за часовници за деца со ГПС, часовници кои наводно би требало да бидат безбедни“, изјави експертот за безбедност на компанијата Пен тест партнерс Кен Мунро.

„Шокантен е недостигот од регулација на интернет кој им дозволува на слободните произведувачи да си играат со безбедноста на нашите деца“, додаде Мунро. Федералната агенција веќе почна постапки против неколку компании кои продаваат паметни часовници на интернет.

„Со помош на апликации родителите можат детските часовници да ги користат за тајно набљудување и прислушување на нивната околина, па мораме да ги сметаме за недозволени производи“, кажа претседателката на агенцијата и додаде: „Според нашето истражување, родителите ги користат часовниците за прислушување на наставниците во училниците“.

Паметните часовници се продаваат во Германија главно на деца на возраст од 5 до 12 години. Повеќето имаат СИМ картичка и се контролираат со помош на апликација.

Во октомври норвешко здружение на потрошувачи предупреди дека некои од часовниците имаат грешки поради кои пренесуваат и снимаат информации без шифрирање. Тоа значи дека со помош на едноставно хакирање странци можат да ги следат детските уреди. Норвешка поради ова повика на мерки во цела Европа за да се зголеми безбедноста на таквите уреди.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе