Германија скептична за велигденските патувања, се надеваат на подобрување до крајот на мај

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелгер Браун, изјави дека е „мошне скептичен“ во врска со патувањето за Велигден, но дека се надева дека ситуацијата ќе се промени до крајот на мај.

Фото: ЕПА

Оваа недела, Меркел и гувернерите на сојузните држави ја продолжија „блокадата“ до 28 март.

Велигден за верниците што го слават според Грегоријанскиот календар оваа година паѓа во првата недела од април. Браун рече дека очекува „дека на 23 мај тие ќе можат на многу порелаксиран начин да зборуваат за патувања и одмори“.

Тој додаде дека Германија може целосно да се врати во нормала ако имунизацијата на населението оди според посакуваниот курс. Досега 5,7 проценти од германското население ја примиле првата доза на вакцината, а 2,8 проценти двете дози.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе