Германија: Се зголемува бројот на емигранти кои доаѓаат преку Балканската рута

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер стравува од зголемувањето на бројот на нелегалните емигранти преку таканаречената Балканска рута.

EPA-EFE

„Постојат показатели кои укажуваат дека бројот на емигранти осетно се зголемува, особено преку Балканската рута“, кажа Хорст Зехофер (Христијанско-социјална унија ЦСУ).

Тој најави дека таа проблематика ќе ја тематизира во демохристијанскиот пратенички клуб во Бундестагот.

„Мораме да преземеме нешто за да го спречиме порастот на бројот на емигрантите на проблематично ниво“, кажа германскиот министер.

Зехофер, кој по парламентарните избори во септември се повлекува од активната политика, кажа дека темата на емиграцијата сигурно ќе биде актуелна и при примопредавањето на должноста.

Тој укажа дека ограничувањето на бројот на емигрантите влијае врз политичката стабилност во земјата.

„Во минатото се покажа дека граѓаните го прифаќаат доаѓањето на бегалците ако станува збор за бројки до 200.000 годишно. Кога бегалци има значително повеќе, тоа со себе носи општествени и политички проблеми“, кажа Зехофер.

Демохристијанскиот политичар објасни дека тоа им користело на екстремно десните партии.

„Во 2015 година тоа го искористи Алтернатива за Германија“, додаде.

Минатата година во Германија се поднесени 102.581 барање за азил, прилично помалку од 2019, кога барања поднеле 142.509 емигранти.

Организацијата за заштира на бегалците Про азил на почетокот на годината го критикуваше овој пад на бројот на емигранти и објасни дека е резултат на „ригорозното затворање на европските граници“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе