Германија се противи на предлогот на САД произведувачите да се откажат од патентите за вакцините

Германија го отфрли американскиот предлог фармацевтските компании да се откажат од патентите за вакцините против ковид-19, сметајќи дека производството не го ограничуваат правата на интелектуалната сопственост туку дека е потребно да се зголемат капацитетите и да се обезбеди квалитет.

EPA-EFE

Американскиот претседател Џо Бајден даде вчера предлог фармацевтските компании да се откажат од правата на патентите што е радикален пресврт во американската политика, а неговата главна преговарачка Кетрин Таи веднаш ги поддржа преговорите во рамки на Светската здравствена организација (СЗО).

Германската влада ја поддржува целта да се обезбедат вакцини против ковид-19 за целиот свет, кажа портпаролката на владата, додавајќи меѓутоа дека главните фактори во производството на вакцините се производните капацитети и стандардите на квалитетот, а не патентите.

„Заштитата на интелектуалната сопственост е извор на иновации и мора тоа да остане во иднина“, порача таа.

Додаде дека Германија ја поддржала иницијативата Ковакс, со цел што повеќе луѓе во светот да добијат вакцина, напоменувајќи дека преговорите во СЗО продолжуваат.

СЗО во април објави дека од 700 милиони дози вакцини поделени во светот само 0,2 отсто се во земји со ниски приходи.

Европската Унија е спремна да разговара за предлогот компаниите да се откажат од правата на интелектуална сопственост против ковид-19, кажа денес претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, додека фармацевтските компании се против тоа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе