Северен тек 2

Германија против американските санкции: Европската енергетска политика се прави во Европа, не во Вашингтон

Шефот на германската дипломатија навести дека неговата земја нема да потклекне пред заканите со американски санкции против проектот за снабдување со гас, кои ги нарече напад врз правото на Европа самостојно да ги бира снабдувачите со енергенси.

EPA-EFE

Соопштението на Хеико Мас е објавено еден ден откако американскиот секретар Мајк Помпео испрати „јасно предупредување“ до компаниите кои учествуваат во амбициозниот проект Северен тек 2. Компаниите вклучени во проектот треба да се „повлечат“ или да се соочат со казни од страна на Вашингтон.

Следејќи ја реториката на врните гемански политичари, министерот за надворешни работи изјави: „Со најавувањето мерки кои ќе санкционираат европски компании, американската влада го занемарува правото и суверенитетот на Европа да одлучува каде и како ќе се снабдува со енергија“.

Мас истакна дека САД „грешат“ со наметнувањето санкции на своите партнери. Берлин повеќепати го посочи проблемот со Вашингтон во изминатите недели, но нивните жалби не добиваат никаква реакција.

Проектот Северен тек 2, кој треба да го пренесува поголемиот дел од рускиот гас кон Западна Европа, е стопиран од крајот на 2019 година. тохгаш шведско-холандската компанија Олсис ги повлече своите бродови кои поставуваа цевки за гасоводот поради најавените американски санкции, што ја примора Русија сама да го доврши остатокот од гасоводот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе