Германија планира до летото да вакцинира 60 отсто од населението

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан кажа дека очекува Германија да почне со вакцинирање на населението уште годинава и дека до крајот на летото 2021 планира да вакцинира против коронавирусот 60 отсто од нејзиното население.

EPA-EFE

„Нашата цел е пред Божиќ вакцината да довие дозвола и уште оваа година во Германија да почнеме со вакцинирање“, кажа министерот Шпан за јавниот сервис ЗДФ.

Шпан изрази надеж дека до крајот на летото 60 отсто од населението на Германија ќе биде вакцинирано. Според проценките на Светската здравствена организација, за успешна борба против пандемијата потребно е вакцинирање на 60 до 70 отсто од населението.

Пресудна е, како што кажа, одлуката на Централната европска канцеларија за лекови (ЕМА) која сè уште не издала дозвола за вакцината на германски Бајонтек и американски Фајзер.

Во меѓувреме се појавија и критики на фактот дека вакцината на Бајонтек/Фајзер веќе е во примена, во Британија на пример, додека земјите од Европската Унија мора уште да чекаат.

„Тешко е објасниво дека вакцината која е развиена во Германија тука ќе се најде во примена дури во јануари“, кажа портпаролката на опозициската Либерално-демократска партија за здравствено-политички прашања Кристине Ашенберг Дугнус.

Шпан повторно се спротивстави на вонредна дозвола на примена на вакцината.

„Ние од самиот почеток се залагавме вакцината да стекне дозвола за употреба по редовен пат на ниво на ЕУ. Тоа е важно за да ја стекнеме довербата на граѓаните“, кажа Шпан.

Тој кажа дека освен вакцината на Бајонтек/Фајзер, Германија нарачала и 13 милиони вакцини на произведувачот Астра Зенека, чие пуштање на пазарот се очекува во првиот квартал од следната година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе