Протече нацрт на германски закон

Германија планира да воведе задолжителна вакцинација за некои работни места

Идната германска влада сака да ја направи вакцината против коронавирус задолжителна за сите вработени во болниците, домовите за стари и немоќни лица и другите здравствени установи од 16 март, според нацрт-законот во кој Ројтерс имал увид во неделата. 

Фото: ЕПА

Германија досега се воздржуваше од воведување задолжителна вакцинација поради страв од зголемен недостиг на медицински персонал и негуватели. Но, поддршката за овој потег порасна откако земјата се соочи со пораст на бројот на заразени во четвртиот бран на пандемијата.

Социјалдемократите, Зелените и Либерално-демократската партија, кои се подготвуваат да формираат нова германска влада во среда, планираат во текот на следната недела да го претстават новиот закон пред парламентот.

Во нацртот се наведува дека вработените во споменатите области до 15 март ќе треба да докажат дека се вакцинирани против коронавирус, дека се опоравиле од ковид-19 или да приложат потврда дека не можат да се вакцинираат.

Бидејќи Германија има намера да вакцинира 30 милиони луѓе пред Божиќ, нацрт законот исто така ќе овозможи стоматолози, ветеринари и фармацевти привремено да вршат вакцинација откако ќе поминат соодветна обука.

Предложениот закон ќе ги продолжи привремените мерки до 15 февруари, што ќе им овозможи на германските сојузни покраини по потреба да воведат уште построги мерки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе