Германија планира да ги интегрира доселениците пред да дојдат во земјата

Германската влада планира интеграцијата на идните доселеници да ја почне уште пред нивното доселување во Германија.

Ова го соопшти комесарката на сојузната влада за интеграција Анет Видман Мауц по состанок на владата, на кој беше прифатен дел од „Националниот акциски план за интеграција“ и наведе дека и пред доселувањето треба да се постават насоки за интеграцијата по пристигнувањето во Германија.

Акцискиот план предвидува мерки за интеграција на идните доселеници кои би почнале во земјите на потекло, а кои пред сѐ се однесуваат на учење на германскиот јазик и детално информирање за животот во Германија.

„Со тоа меѓу другото сакаме да спречиме создавање погрешни очекувања од животот во Германија“, кажа Видман Мауц.

Донесувањето на националниот акциски план за интеграција е дел од подготовките за воведување на законот за доселување на квалификувани работници кој стапува на сила на 1 март оваа година, кој првпат по подолго време ќе овозможи системско доселување експерти и квалификувани работници од земјите кои не се членки на Европската Унија.

Партијата Алтернатива за Германија (АфД) веќе ги критикуваше намерите на канцеларката Ангела Меркел да ја претвори Германија во доселеничка земја и со тоа да ги влоши сегашните проблеми.

„Она од што Германија уште сега пати се создавањето паралелни општества, детските бракови, криминалните кланови, убиства од чест и недозволени услови во школите, а тоа дополнително ќе се влоши“, соопшти една од лидерките на АфД, Беатрикс фон Шторх.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе