Германија: Оваа година ќе можеме да престанеме да увезуваме руска нафта

Германија годинава би можела да престане да увезува руска нафта, кажа денес канцеларот Олаф Шолц, сигнализирајќи го притисокот врз најголемата европска економија да престане да зависи од енергијата од Русија по нејзината инвазија на Украина.

EPA-EFE

Шолц одговараше на новинарско прашање дали чувствува срам за тоа што земјите од Европската Унија ѝ плаќаат на Русија милијарди евра за фосилните горива.

„Активно работиме на тоа да станеме независни од увозот на (руска) нафта и мислам дека тоа ќе успееме да го направиме оваа година“, кажа Шолц на заедничката конференција за медиуми со британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон.

Џонсон ја предупреди Русија дека нема да избегне казна за наводниот напад на железничката станица во Краматорск.

„Знам дека Британија и Германија го делат истото чувство на ужас и гадење поради ослободената бруталност, вклучувајќи го несовесното бомбардирање на бегалците кои бегале од своите домови. Воено злосторство е неселективно да се напаѓаат цивили, а руските воени злосторства во Украина нема да минат незабележано ни неказнето“, кажа Џонсон.

Додаде дека Британија на Киев ќе му испрати прецизно оружје способно да се задржи на небото додека не биде насочено на мета и повеќе шлемови, панцири и уреди за ноќно набљудување.

Германија ги засили своите напори да ја намали својата зависност од руски енергенси по руската инвазија на Украина. Руската нафта сега сочинува 25 отсто од германскиот увоз, десет отсто помалку отколку пред инвазијата, а увозот на гас е намален од 55 на 40 отсто. Рускиот увоз на антрацит падна на 25 отсто од 50 отсто пред војната.

Прекинувањето на увозот на руски гас е потешко за Германија која во првото тромесечје примила 40 отсто испораки од Русија. Германија сака да го намали учеството на руски гас на 24 отсто до летоска. Но најголемата европска економија би можела дури во 2024 да престане да зависи од рускиот гас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе