Германија остана без гас, купува ЛНГ за 1,5 милијарди евра

Војната во Украина ја начека Германија со празни складишта на гас. Земјата преку ноќ мора да ја смени енергетската политика, особено ако Русија ги затвори вентилите.

EPA-EFE

Германија дала овластување на својот центар за трговија со гас да купи течен природен гас (ЛНГ) за 1,5 милијарди евра (1,66 милијарди долари) надвор од Русија, иако Москва засега ги извршува сите обврски од договорот за снабдување, соопшти германското министерство за економија.

„Сега проблемот е каде ќе се купи гасот. Не сакам да калкулирам за колку дена тоа ќе биде спроведено, но ќе се случи во многу краток рок“, кажа портпаролот на министерството, пренесува Ројтерс.

Има многу планови, но на краток рок опција е само купување арапски гас.

Најголемото складиште на гас во Западна Европа се наоѓа во германската покраина Долна Саксонија на длабочина од два километри. Се вика Реден и големо е колку 910 фудбалски игралишта. Може да обезбеди едногодишна потрошувачка на гас за околу два милиони домаќинства.

Реден има клучна улога за Германија и Европа кога станува збор за безбедноста на снабдување со гас. Астора, компанијата која раководи со складиштето, е подружница на рускиот енергетски џин Газпром кој контролира повеќе од две третини од сите германски складишта на гас.

Сите се во моментот речиси празни. Во Реден се пополнети само три отсто од капацитетите. Германскиот министер за стопанство Роберт Хабек претпоставува дека складиштата се „систематски празнети“ за стратегиски да се зголеми цената на гасот и да се создаде притисок.

Од Русија доаѓаат околу 55 отсто од гасот кој се троши во Германија. Исто така од Русија доаѓаат 50 отсто од јагленот и повеќе од 30 отсто од потребната нафта. Додека во Германија постојат стратегиски резерви на нафта, кои по закон мора да бидат доволни за 90 дена, таква одредба не постои за гас и јаглен. Овие компании самите одлучуваат за своите залихи.

Германското министерство за стопанство сака тоа што побрзо да се смени, особено за гасот. Намерата е минималното ниво во складиштата да се пропише со закон. Така на почетокот на октомври секое складиште би морало да биде пополнето најмалку 80 отсто, на почетокот на декември најмалку 90 отсто, а на крајот на зимата на почетокот на февруари барем 40 отсто. И така секоја година.

Се очекува законот да стапи на сила во мај. „Тоа е потребно за цела летна половина од годината да биде на располагање за полнење на складиштата“, се наведува во соопштение на министерството.

За на краток ток да се надоместат руските залихи од енергенси, министерството размислува за купување поголеми количества гас од други земји. Се разгледува тоа да бидат арапски земји, кажа министерот Хабек. Катар ги има вторите најголеми резерви на природен гас во светот по Русија. ЛНГ, односно течен гас, ќе се увезува и од САД.

Тој доаѓа со бродови, а за нивниот прием Германија нема ниту еден терминал. Се планираат два на брегот на Северното Море. Но процесот на добивање на сиоте дозволи и планирањето може да потрае две до пет години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе