Ставот на Берлин за енергетски бојкот останува ист

Германија одбива да го бојкотира снабдувањето со руски енергенси

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ги отфрли повиците на бојкот на снабдувањето со руски енергенси по нападот на Русија на Украина.

EPA-EFE

Шолц кажа дека санкциите кои ѝ се воведени на Русија веќе влијаат на нејзината економија и дека тоа со секој ден ќе биде сè подраматично.

Тој додаде дека санкциите се смислени да бидат подносливи за тие што ги воведуваат, и тоа долгорочно, и дека поради тоа ставот на Германија за енергетски бојкот останува непроменет.

Шолц кажа дека Германија работи на диверсификација на снабдувањето со енергија и дека, иако за тоа ќе биде потребно време, тоа на крајот ќе има ист ефект како бојкот.

Европските земји ѝ плаќаат на Русија милиони долари секој ден за фосилни горива. Киев тврди дека оваа трговија ефективно ја финансира војната на Русија против Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе