„Ако примиме бегалци, ако попуштиме под притисокот и кажеме ‘да, прифаќаме бегалци во европските земји’, тогаш тоа значи дека ќе ја прифатиме самата основа на оваа перфидна стратегија“, рече Зехофер на прес-конференција во Полска.
Европската унија ја обвинува Белорусија дека намерно создава мигрантска криза носејќи бегалци од Блискиот Исток со авиони до своите граници со Полска и Литванија. Минск ги отфрла тие тврдења.
„Зборуваме за нерегуларни и перфидни миграции организирани од Белорусија со делумна поддршка на Русија“, рече Зехофер.
„Полјаците не ги следат само своите интереси. Тие дејствуваат во интерес на целата Европска унија“, заклучи тој.
Белоруските власти во четвртокот ги расчистија најголемите мигрантски кампови на границата со Полска, по неколкунеделната ескалација на кризата меѓу Европската унија и Белорусија.
Зехофер рече дека е „дезинформација“ известувањето на белоруската новинска агенција Белта дека претседателот Александар Лукашенко ѝ претставил на германската канцеларка Ангела Меркел план за решавање на кризата, во кој ќе биде вклучен услов ЕУ да прифати две илјади мигранти.