„Вакцинираните сигурно ќе имаат повеќе слобода од невакцинираните“

Германија најави дека можеби ќе воведе ограничувања за невакцинираните

Германија најави дека можеби ќе биде неопходно воведување ограничувања за невакцинираните ако бројот на случаи во земјата повторно го достигне максимумот во следните месеци.

EPA-EFE

Директорот на канцеларијата на германската канцеларка Хелге Браун кажа за Билд ам зонтаг дека не очекува нов карантин поради коронавирусот во Германија.

Браун кажа дека на невакцинираните ќе им биде забранет влезот на места како ресторани, кино-сали и стадиони бидејќи ризикот е преголем.

Тој кажа дека „вакцинираните сигурно ќе имаат повеќе слобода од невакцинираните“.

Таквите мерки, како што истакна, би биле легални бидејќи „државата има одговорност да го заштити здравјето на своите граѓани“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе