Германија на неодредено време излегува од Шенген?

Новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер сака контролите на германските граници да ги задржи на неодредено време и да ги прошири и на останатите премини, со што Германија практично би излегла од Шенгенскиот систем, пренесува денес Велт ам зонтаг.

„Контролите на границите кон соседите мора да бидат толку долго на сила сѐ додека Европската Унија не успее да воведе поефикасна заштита и контрола на надворешните граници. Но не гледам дека тоа во догледно време може да ѝ успее“, кажа Зехофер од Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во разговор за неделното издание на Велт.

Тој воедно најави дека контролите би требало да бидат проширени и на останатите германски гранични премини.

„Во моментов не се многу гранични премини во Германија трајно контролирани. Мора да зборуваме за тоа дали така може да остане. Не станува збор само за спречување на нелегалните преминувања на границата туку и за останатите заштитни функции“, кажа Зехофер.

Во моментов Шенгенскиот систем на германско барање е укинат на германско-австриската граница и на барање на Данска на германско-данската граница.

Зехофер се заложи и за системско протерување на лицата на кои им е одбиено барањето за азил. Тој побара засилување на персоналот во судовите кои одлучуваат за азил и протерувања и им вети помош на сојузните држави во процесот на протерување на лицата за кои не постои правна основа за престој во Германија.

Новиот министер за внатрешни работи на Германија и доскорашен премиер на Баварија се зазема и за промена на односот кон источните членки на ЕУ кои одбиваат да примат емигранти.

„Ако трпеливо преговараме, голем дел од овие земји ќе се согласат на распределбата на бегалците. А некои земји на друг начин би можеле да се вклучат во решавањето на проблемот, на пример со засилен ангажман во заштитата на заедничките надворешни граници“, кажа Зехофер.

Претседателот на ЦСУ и претходно еден од најжестоките критичари на либералната емигрантска политика на Ангела Меркел најави, поради слабиот резултат на својата партија на последните парламентарни избори, борба за гласачите кои се свртеа кон антиемигрантската Алтернатива за Германија (АфД).

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе