Германија им даде 627 милиони евра на компаниите кои развиваат вакцина против коронавирус

Германија денес им додели 627 милиони евра на биотехнолошките компании Бионтек и Кјурвак за да го забрзаат развојот на вакцините за ковид-19 и да ги прошират германските производствени капацитети.

Министерката за образование и истражување Ања Карличек предупреди дека безбедноста треба да остане главен приоритет за пошироката популација да ја прифати вакцината. „Дури и додека светот чека на вакцина, нема да одиме по ризични кратенки“, рече таа на прес-конференција во Берлин.

Многумина се загрижени дека може да се намалат стандардите за безбедност и ефикасност, во трката за развој на вакцина против ковид-19, кој досега зарази повеќе од 29 милиони луѓе и однесе над 926.000 животи.

Компаниите кои развиваат вакцини допрва треба да спроведуваат испитувања на голем број луѓе, но Русија минатиот месец ја одобри вакцината за ковид-19, што предизвика некои западни експерти да ја критикуваат Русија за недоволно ригорозно тестирање на вакцината.

Карличек рече дека не очекува вакцината да биде достапна за општата популација до средината на 2021 година.

Министерството одвои 375 милиони евра на Бионтек и 252 милиони евра за Кјурвак, но компаниите мора да исполнат одредени критериуми.

Министерството објави дека сè уште разговараат за доделување средства на компанијата ИДТ Биологика, која произведува вакцини за други фармацевтски компании и работи на т.н. векторска вакцина.

Јенс Шпан, германскиот министер за здравство, рече дека е важно да се имаат вакцини од повеќе производители и дека Германија однапред ќе обезбеди повеќе дози на вакцини отколку што има жители.

Берлин веќе обезбеди 54 милиони дози од потенцијалната вакцина на Астра зенека, како дел од договорот на компанијата со ЕУ, според кој Унијата обезбеди 450 милиони дози.

Шпан вели дека владата оваа недела ќе одлучи дали ќе даде средства за КОВАКС, планот на СЗО за глобална распределба на вакцините.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе