Германија на 6 месеци ја продолжи забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија

Германија одлучи да го продолжи ембаргото на извоз на оружје во Саудиска Арабија за уште шест месеци, кажа денес портпаролот на германската влада.

„До 31 март 2020 нема да бидат одобрени барањата за извоз на оружје во Саудиска Арабија“, кажа тој.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера сугерираше дека планира да го задржи мораториумот кој беше воведен по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги минатата година.

Берлин го поврза својот став со развојот на војната во Јемен кој се смета за индиректен конфликт меѓу Саудиска Арабија и Иран. Коалицискиот договор меѓу конзервативците на Меркел и германските социјалдемократи исклучува извоз на оружје на земјите кои учествуваат во таа војна. На тоа инсистираа социјалдемократите.

Коалицијата, меѓутоа, се подели околу забраната на извоз на оружје во Саудиска Арабија по нападот врз нејзините нафтени инсталации. Одговорноста за нападите ги преземаа јеменските Хути, кои ги поддржува Иран. Вашингтон и Ријад го обвинуваат Иран дека е одговорен за тие напади, што тој го негира.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе