Германија: Миграцијата проблем во коалициските разговори

Во текот на разговорите за потенцијалните партнери на новата германска коалиција конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и партијата на Зелените изнесоа спротивставени ставови за миграцијата.

Христијанско-демократска унија на Ангела Меркел, Слободните демократи и Зелените се обидуваат да одлучат дали ќе започнат формални коалициски преговори оваа недела.

Главна расправа е односот кон проблемот на миграцијата, посебно дали треба да им се дозволи на роднините да им се придружат на луѓето кои добиле заштита, но не и азил.

Луѓето во таква состојба во моментов не можат да ги донесат роднините во Германија, а сојузникот на Меркел Фолкер Каудер рече дека „нема простор за маневрирање“, пренесе Еј-би-си њуз.

Тој рече дека во случај да им се овозможи доаѓањето и на членовите на семејствата, во Германија би влегле околу 300.000 луѓе.

Клаудија Рот од партијата на Зелените изјави дека основно право е да го донесат и своето семејство. Таа ги демантираше тврдењата на Каудер, велејќи дека реалната бројка е помеѓу 50.000 и 70.000 луѓе.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе