Германија: маж од Косово осуден за помагање на Исламска држава

Маж од Косово во Германија е обвинет за поддршка на т.н. Исламска држава.

Според федералниот обвинител, тој ѝ испраќал пари на терористичката организација и ширел пропаганда.

Осомничениот, кој е идентификуван како Хасан Б. и е во притвор од јуни, беше осуден на 4 декември во Хамбург, пренесува АП.

Тој, наводно, 11 пати им испратил пари на борците на ИСИС во Сирија во периодот меѓу 2016 и 2017 година, а дополнително е обвинет и за давање пари на граѓанин на Македонија во 2015 година и негово пренесување во Сирија.

Хасан Б., исто така е осомничен дека во 2015 година на Фејсбук отворил профил на член на ИСИС, што помогнал во ширење на пропагандата на ИСИС.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе