Германија ќе прифати до 500 малолетни бегалци, првите 50 пристигнуваат следната недела

Германија идната недела ќе ги прими првите 50 малолетни бегалци кои моментно се наоѓаат на некој од грчките острови, соопшти денеска германската влада, која во првата фаза се подготвува да прифати 350 до 500 малолетни бегалци без придружба.

„Чартер летовите од Грција се очекуваат следната недела. Две недели по пристигнувањето, децата ќе бидат ставени во карантин, по што ќе бидат пренесени во различни провинции“, соопшти денес германското Министерство за внатрешни работи.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за телевизијата РТЛ претходно изјави дека во првата фаза во Германија треба да бидат префрлени 350 до 500 малолетни бегалци без придружба.

Владата на почетокот на март одлучи да прими вкупно 1.000 до 1.500 малолетни бегалци сместени во грчките острови.

Прифаќањето малолетни бегалци без придружба е дел од договорот на ниво на Европската унија во рамки на кој неколку членки се согласија да прифатат малолетни бегалци од пренатрупаните грчки острови.

Германија објави дека ќе прими само болни малолетни бегалци без придружба, помлади од 14 години и по можност девојчиња.

Во првиот авион се очекувало да пристигнат до 80 деца, но бројот бил намален поради наводно „тешкиот избор“ со оглед на критериумите поставени од германската влада и фактот дека малолетните бегалци на грчките острови се претежно момчиња и дека има потешкотии во утврдување на идентитетот.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе