Германија ќе им ги одзема пасошите на борците на Исламска држава

Германија планира на џихадистите на Исламска држава да им ги одземе државјанствата, јавуваат германските медиуми.

Планот, околу кој се договориле министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер и министерката за правосудство Катарина Барлеј, предвидува одземање на германскиот пасош на милитантите на Исламска држава од Германија доколку поседуваат и друго државјанство, ако се полнолетни и ако учествувале во борбите.

Ова го јавува Зидојче цајтунг, како и телевизиите НДР и ВДР.

Според важечкиот закон, и сега е можно да се одземе германското државјанство, доколку некој германски државјанин доброволно, без одобрување на министерството за одбрана, реши да се приклучи на странска оружена формација.

Овој закон ќе биде дополнет, и сѐ ова е поврзано со барањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа треба да преземе повеќе од 800 милитанти на ИСИС од стариот континент кои се наоѓаат во заробеништво, за да им се суди, јавуваат германските медиуми.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе