Ќе ги тестира само луѓето со симптоми

Германија ќе го укине задолжителното тестирање на повратниците од ризични области

Германија ќе ги укине задолжителните тестови за коронавирус за патниците што се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира на тестирање лица со симптоми или на оние што биле во контакт со заболени од ковид-19, изјави вчера министерот за здравство Јенс Шпан.

Фото: ЕПА

Тој рече дека за време на летните одмори, бројот на тестовите во Германија речиси двојно се зголемил, на 900.000 неделно, делумно за да се идентификуваат луѓето што се заразиле во странство.

На луѓето што се враќаа од епидемиолошки ризични области им беше овозможено бесплатно тестирање на германските гранични премини, што им овозможуваше да го избегнат задолжителниот двонеделен карантин доколку резултатите им се негативни.

Патниците што се враќаат од подрачја со висок ризик, во кои спаѓаат повеќето земји надвор од Европската Унија и некои региони во нејзините рамки, во иднина ќе треба да одат во задолжителен карантин најмалку пет дена додека не пристигне резултатот од тестот, кој веќе може да не биде бесплатен, освен ако не го побарал лекар.

Министерот Шпан не кажа кога ќе се смени стратегијата на тестирање, но одлуката најверојатно ќе биде донесена денеска на состанокот на канцеларката Ангела Меркел со гувернерите на сите 16 провинции.

Промената во стратегијата на тестирање е последица на фактот дека лабораториите ги достигнаа границите на своите капацитети, рече Шпан.

Германскиот центар за контрола на болести вчера пријави 1.576 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирусот. Од почетокот на епидемијата, во Германија се регистрирани 236.429 заразени и 9.280 смртни случаи од коронавирусот.

Просечната возраст на заразените се намали на 32, од околу 50 во почетокот на пандемијата.

Во вторникот партиите во владејачката коалиција се согласија да го продолжат времетраењето на намаленото работно време и платените одмори поради пандемијата до крајот на следната година, додека владата им помогна на компаниите што не отпуштаат вработени намалувајќи ги даноците за околу 10 милијарди евра.

Властите во Берлин вчера забранија неколку протести за поддршка на екстремната десница, планирани за викендов, против рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирус.

Во последните неколку недели во Германија се забележува зголемување на бројот на заразените, а владата размислува за повторно воведување на претходно укинатите или олеснети ограничувања.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе