Германија ја тресе голем скандал, има сомнежи дека власта ја прикривала аферата „Ваеркард“

Германија ја тресе еден од најголемите деловни скандали, аферата „Ваеркард“, а поради неа на тапет се политичари што, се чини, не сториле сè што е во нивна моќ за да ја запрат.

Фото: ЕПА

Министерот за финансии, Олаф Шолц, не успеа да го убеди германскиот парламент дека финансиските регулатори направиле сè што е во нивна моќ за да ја спречат аферата „Ваеркард“.

Во сослушувањето зад затворени врати, Шолц истакнал дека реформата на германската финансиска регулатива, воведена од неговото министерство пред една деценија, би требало да ги исправи сите недостатоци во системот и да осигури дека слични скандали нема да се случуваат во иднина.

Сепак, ова не ги убедило членовите на Бундестагот, пред сè опозицијата, кои побараа да се отвори сеопфатна истрага за заднината на аферата.

Канцеларката Ангела Меркел веќе не е во милост на опозицијата, како ни споменатиот министер за финансии Олаф Шолц, за кого ова би можело да биде голем политички удар, особено ако се земе предвид неговата кандидатура за канцелар на изборите за Бундестагот следната година.

„Интересните прашања во врска со 'Ваеркард' поминаа без одговор“, рече Фабио де Маси, член на партијата Ди линке (Левица) и член на парламентарниот комитет за финансии.

Де Маси истакна дека Шолц нејасно објаснил зошто Министерството за финансии уште кон средината на минатата година лобирало во Кина за таа компанија за дигитално плаќање, неколку месеци откако министерот бил запознаен со наводите дека имало малверзации во работењето на „Ваеркард“.

Освен Германците, дали се случил пропуст и кој е виновен за тоа истражува и Европската комисија, која неодамна најави истрага во Бафин, германскиот надзорен орган. Германската централна банка бара построги закони за ревизија и сметководство.

Ваеркард е основана во 1999 година во предградие на Минхен и првично обработувала трансакции за веб-страници што се занимавале со коцкање и порнографија.

Со текот на времето, таа го прошири својот круг на клиенти и стана омилена кај инвеститорите, а во 2018 година беше вброена во индексот на франкфуртската берза ДАКС, надминувајќи ги гигантите како Дојче банк и Комерцбанк во однос на пазарната капитализација.

Неговиот пораст се толкуваше како продор на финансиско-технолошките компании во простор што дотогаш беше резервиран само за традиционалните заемодавци.

Неговата пазарна вредност во пикот беше 28 милијарди евра, а денес стана првата компанија вброена во ДАКС-индексот што пропаднала.

Скандалот избувна откако ревизорот Ернст & Јанг ја предупредил дека не може да најде докази за депозити во вредност од 1,9 милијарди евра.

Во приказната се вклучија и две банки на Филипините, најавувајќи дека се фалсификувани документи на сметките на „Ваеркард“ и дека германската компанија не им е клиент.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе