Ќе ѝ даде милијарда евра

Германија ја призна одговорноста за геноцидот во Намибија, првиот во 20 век

Германија ја призна одговорноста за геноцидот извршен во Намибија за време на колонијалното владеење и вети дека ќе исплати повеќе од милијарда евра како поддршка за тамошните национални проекти.

EPA-EFE

Германските колонизатори убиле десетици илјади припадници на автохтоните племиња Хереро и Нама во колежи од 1904 до 1908.

Првиот геноцид од 20 век, како што овој злочин го нарекуваат историчарите, со години сериозно ги нарушуваше односите на Намибија и Германија.

Иако Берлин веќе призна дека за наведените злосторства се одговорни германските колонијални власти, Германија одбиваше да исплати директна отштета.

„Овие настани сега, од денешна перспектива, ќе ги наречеме со нивното вистинско име: геноцид“, кажа во својата изјава германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас.

Мас го поздрави договорот постигнат по повеќе од пет години преговори меѓу Германија и Намибија за настаните во регионот кој бил под власта на Берлин од 1884 до 1915.

„Во светло на германската историска и морална одговорност, за извршените злодела ќе побараме прошка од Намибија и потомците на жртвите“, кажа Мас.

Во „намерата да ги признае огромните маки нанесени на жртвите“ Германија ќе ги поддржи „обновата и развојот“ на Намибија преку финансиска програма тешка 1,1 милијарда евра, кажа Мас.

Според извори запознаени со процесот, износот ќе се исплаќа во текот на 30 години, а примарно мора да им биде наменет на потомците на народите Хереро и Нама.

За време на владеењето на Берлин од 1884 до 1915 Набија била наречена Германска Југозападна Африка. Земјата по тоа паднала под власта на Јужна Африка, а дури по 75 години, во 1990, стекна независност.

Насилствата на германските колонизатори ескалирале во 1904 година кога народот Хереро се побунил откако му биле одземени земјата и стоката. Набрзо потоа се побуниле и припадници на народот Нама, а бунтот го задушиле германските царски трупи.

Германскиот генерал Лотар ван Трота, кој бил испратен да го задуши бунтот, наредил истребување на народите.

Во обид да го олесни процесот на помирување, Германија во 2018 година ги врати посмртните остатоци на припадниците на племињата Хереро и Нама, а тогашната министерка за надворешни работи Мишел Ментеферинг побара „прошка од срце“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе