Германија ја повика ЕУ да го запре бранот мигранти од Белорусија (ВИДЕО)

Германија ја повика Европската унија да преземе мерки за да помогне во запирање на бранот мигранти на полската граница кои доаѓаат од Белорусија.

EPA-EFE/POLAND'S MINISTRY OF NATIONAL DEFENCE

„Полска или Германија не можат сами да се справат со тоа“, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер за Билд, повикувајќи ја ЕУ да заземе заеднички фронт.

„Мораме да ѝ помогнеме на полската влада да ја обезбеди надворешната граница. Тоа треба да биде работа на Европската комисија. Сега ја повикувам да преземе мерки“, нагласи тој.

Тој го упати повикот откако Полска објави дека одбила обид на стотици мигранти илегално да ја преминат границата од Белорусија, но исто така посочи дека илјадници други сè уште се собираат.

Хорст Зехофер рече дека ја поддржува одлуката на Полска да подигне ограда на границата со Белорусија.

„Не можеме да ја критикуваме... за одбрана на надворешните граници на Европската унија“, рече тој. „Се разбира не со употреба на огнено оружје, но со други достапни начини - да“, додаде министерот.

Илјадници мигранти се собраа на белоруско-полската граница во обид да влезат во Европската унија. Брисел го обвинува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека го организирал пристигнувањето на мигрантите на источните граници на Унијата, откако Европската унија воведе санкции против Минск за брутална репресија на опозицијата. Лукашенко ги негира ваквите обвинувања.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави во понеделникот дека белоруските власти нема да ги постигнат своите цели со искористување на мигрантите за да извршат притисок врз Европската унија.

Фон дер Лајен рече дека разговарала со премиерите на Полска, Литванија и Летонија, Матеуш Моравјецки, Ингрид Шимоните и Кришјанис Кариш, за да им изрази солидарност од Европската унија. Таа разговарала со нив за мерките што Унијата може да ги преземе за да им помогне да се справат со оваа криза.

Претседателката на Комисијата ги повика земјите-членки да ги прошират санкциите против белорускиот режим „поради овој хибриден напад“.

Таа најави дека Комисијата ќе разговара со специјализираните агенции на ОН за начините за спречување на хуманитарна криза и за обезбедување безбедно враќање на мигрантите во земјите од каде дошле.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/POLAND'S MINISTRY OF NATIONAL DEFENCE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе