Германија ја одобри вакцината Астра зенека за луѓе над 65 години

Германските здравствени власти ја одобрија употребата на вакцината Астра зенека за лица постари од 65 години, соопшти министерството за здравство, чекор што секако ќе помогне во забрзувањето на бавното темпо на вакцинација во земјата.

Фото: ЕПА

Министерството исто така објави дека постојаното државно тело задолжено за вакцинирање препорача продолжување на периодот помеѓу првата и втората доза на вакцината Астра зенека, но најмногу до 12 недели, потпирајќи се на студиите кои покажуваат дека подолг интервал ја подобрува нејзината ефикасност.

„Ова е добра вест за постарите луѓе кои чекаат на вакцина. Сега ќе можат да се вакцинираат побрзо“, истакна министерството, најавувајќи дека „наскоро ќе објави регулатива што ќе овозможи примена на обете препораки“.

Германија првично одби да ја користи Астра зенека за постари од 65 години, велејќи дека нема доволно докази од клинички испитувања за нејзината ефикасност кај постарата возрасна група.

Но, сè поголем број податоци укажуваат на ефикасноста на оваа вакцина и на постарата популација во Велика Британија, што го натера Берлин да го смени својот став. Слично постапи и Франција.

Одлуката на Германија е во согласност со препораките на здравствениот регулатор на Европската унија, кој советува втората доза на вакцина да се зема во интервал од четири до 12 недели по првата.

Во изјавата не се споменува друга вакцина одобрена во Германија, онаа на Фајзер и германскиот Бајонтек.

Министерот Јенс Шпан препорача оваа вакцина да се прима во интервал од шест недели од практични причини поради ниските залихи на вакцини.

Засега, регулаторот на ЕУ останува при препораката од тринеделен интервал за оваа вакцина, што е во согласност со препораките на Фајзер.

Германските политичари се соочуваат со зголемени критики за бавното темпо на вакцинирање во Германија, што заостанува далеку зад водечките земји во вакцинацијата Велика Британија, Израел и САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе