Германија ја одбра јужнокорејската стратегија против коронавирусот

Со цел да се спречи преоптовареноста во болниците, Германија во борба против коронавирусот ја воведува стратегијата која ја избра Јужна Кореја, заснована на поголемо тестирање на граѓаните и сместување на заболените во карантин.

Често истакнувана како пример во Европа за својот пристап кон епидемијата, Германија веќе спроведува меѓу 300 и 500 илјади тестови за коронавирус неделно, повеќе од нејзините европски соседи, особено Франција, која ги тестира само сериозно болните.

Владата на канцеларката Ангела Меркел не размислува да запре: во документот на министерството за внатрешни работи, објавено од повеќе медиуми, се предвидува стратегија по примерот на Јужна Кореја, со најмалку 200.000 тестови на ден.

Во иднина, така би можеле да се тестираат сите оние кои мислат дека имаат ковид-19, како и сите оние кои можеби имале контакт со заболени, се вели во документот.

Тестирања во моментов се вршат на заболени кои биле во контакт со позитивно лице.

Во документот, исто така, се оценува дека геолоцирањето, што го користи Сеул, е „долгорочно неизбежно“ за да му се овозможи на населението да ги следи локациите на кои се наоѓаат лица позитивни на коронавирусот.

„Јужна Кореја може да биде пример, наспроти разликите помеѓу културите на двете земји“, оцени во неделата Лотар Вилер задолжен за борбата против епидемијата во Германија претставник на Институтот Роберт Кох.

Тој особено го истакна „геолоцирањето“.

Во Германија веќе започна жива расправа во овој поглед, бидејќи прашањето за заштита на личните податоци е свето за Германците по две диктатури во 20 век.

Јужна Кореја се издвојува како пример во последните неколку недели бидејќи спроведува масовни тестирања, ги изолира заразените и технолошки ги следи граѓаните за да пронајде и тестира жители со кои заразените биле во контакт.

Во оваа фаза, Германија има 389 смртни случаи на околу 52.547 случаи на зараза, што е стапка на смртност од само 0,7 проценти, така што ситуацијата не е ни приближно толку драматична како во другите земји.

Вилер сепак не исклучува дека земјата на крај може да доживее италијанско сценарио, со болници преплавени со заболени.

Иако Германија има „одличен здравствен систем, можеби еден од најдобрите во светот“ според зборовите на Ангела Меркел, пандемијата ги откри неговите слабости.

Германија има повеќе од 25.000 кревети со респиратори. Но, „во последниве месеци, некои кревети на интензивна нега биле ставени надвор од употреба бидејќи немало доволно стручен персонал“, рече Рајнхард Бусе, специјалист за економија на здравството на Берлинскиот технички универзитет.

Веќе неколку години има 17.000 слободни работни места за медицински сестри.

Ситуацијата е таква што многу болници, вклучително и берлинската Шарите, една од најголемите универзитетски болници во Европа, морале да ги повикаат на помош студентите по медицина или пензионерите од овој сектор.

„Дури и пред кризата со коронавирусот, операциите мораа да се откажуваат поради недостиг на персонал“, рече Уве Лубекинг, задолжен за политиките на пазарот на трудот во Германското здружение на градови и општини.

И кога работните места се пополнети, медицинските сестри речиси четири часа на ден мора да пополнуваат документи затоа што Германија доцни во дигитализација на административните работи, се жали Германското здружение на болници.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе