Германија испраќа свои војници во БиХ, ќе му се придружат на ЕУФОР

Германија до крајот на август ќе испрати свои војници во Босна и Херцеговина кои ќе се придружат на мировните сили на Европската Унија во таа земја кои таму дејствуваат во состав на операцијата Алтеа, потврди командата на ЕУФОР во Сараево.

EPA-EFE

Планот на германскиот канцелар Олаф Шолц да обезбеди засилување на ЕУФОР додека во БиХ растат политичките тензии во јули го одобри Бундестагот. Засега во БиХ ќе бидат испратени 50 припадници на Бундесверот и нивното распоредување почнува од средината на месецот.

Германските војници и офицери ќе дејствуваат во генералштабот на ЕУФОР, на чие чело е австрискиот генерал Антон Весели. Ќе бидат во состав на набљудувачките тимови распоредени низ земјата.

Германија ги испраќа своите војници во БиХ и покрај противењето на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, откако Бундестагот го поддржа планот, Додик изјави дека тоа е „во функција на заплашување на граѓаните на Република Српска“.

Во Состав на ЕУФОР, кој во 2004 ги замени мировните сили предводени од НАТО (СФОР), во моментов има 1.100 војници од 19 држави со мандат за надгледување и почитување на воените одредби од Дејтонскиот договор и реагирање во случај на загрозување на безбедноста.

Мандатот на ЕУФОР секоја година мора да го продолжи Советот за безбедност на ОН, но сега се нагаѓа дека Русија сега би можела да го искористи правото на вето за да го блокира продолжувањето на мисијата.

Претседателот на Воениот совет на НАТО, адмиралот Роб Бауер, за време на посетата на Сараево во јули кажа дека западниот воен пакт нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ и во моментов разгледува опции ако Русија го употреби ветото.

„Има многу дискусии и се разгледуваат опциите“, кажа тогаш Бауер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе