Германија им оддаде почит на извршителите на неуспешниот атентат врз Хитлер

Германија денес, на 75-годишнината, во Берлин им оддаде почит на извршителите на неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер, а канцеларката Ангела Меркел порача дека постојат моменти во кои непослушноста е обврска и дека треба да се извлечат поуки од минатото.

„Ние мораме да го зачуваме сеќавањето и да оддаваме почит. Ние мора да се погрижиме лекциите од минатото да не избледат“, кажа канцеларката Меркел во историскиот блок Бендлер, во кој денес се наоѓа германското министерство за одбрана.

На 20 јули 1944 на тоа место биле погубени организаторите и извршителите на неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер собрани околу офицерот Клаус Шенк Граф фон Штауфенберг. Традиционално на ова место секоја година на овој ден регрутите на Бундесверот положуваат заклетва.

Меркел обраќајќи им се на регрутите порача дека сеќавањето на атентаторите е исклучително важно во актуелната борба против екстремната десница.

„Тие нѐ предупредуваат дека треба да бидеме будни и да се бориме против расизмот и национализмот во сите облици и нијанси“, кажа Меркел.

Учесниците во атентатот врз Хитлер ја следеле својата совест и со тоа покажале вистински патриотизам, порача канцеларката.

„Има моменти во кои непослушноста е обврска“, кажа Меркел и додаде дека задачата на Бундесверот е „критичко соочување со минатото“.

Новата министерка за одбрана и претседателка на владејачката партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп Каренбауер, пред тоа ги потсети регрутите дека Бундесверот ја негува традицијата на офицерите што ги загубиле животите во ликвидациите по неуспешниот атентат.

„Овие војници се пример затоа што застанале против неправдата, варварството и презирот кон луѓето“, кажа Крамп Каренбауер, на која ова ѝ беше прв јавен настап на функцијата министерка за одбрана.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе