Германија и Русија ги отфрлија американските санкции против гасоводот Северен тек 2

Руските и германските министри за надворешни работи во вторникот ги отфрлија американските санкции против нивниот проект за изградба на гасоводот Северен тек 2.

„Ниту една држава нема право да ја диктира европската енергетска политика со закани и тоа нема да успее“, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, пред новинарите во Москва.

Соединетите Држави воведоа санкции за да ја запрат изградбата на гасоводот преку Балтичко Море, тврдејќи дека гасоводот ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас.

Критичарите на санкциите веруваат дека Соединетите Држави така сакаат да го заштитат својот извоз на течен природен гас на европскиот пазар.

Санкции меѓу сојузниците се „дефинитивно погрешен пат“, рече Маас по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Лавров пред новинарите изјави дека и покрај пречките, гасоводот ќе биде завршен во блиска иднина.

Северен тек 2 ќе го зголеми капацитетот на истоимениот гасовод на таа траса кој веќе е во функција, а преку кој Русија директно испорачува гас за Германија.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе