Вчера, на маргините на состанокот на НАТО во Брисел, германската министерка за одбрана Кристине Ламберт и нејзините колеги потпишале декларација за европската иницијатива „Небесен штит“ (Skyshield).
Церемонијата на потпишување е одржана во седиштето на НАТО во Брисел. Земјите потписнички се Германија, Британија, Словачка, Норвешка, Летонија, Унгарија, Бугарија, Белгија, Шешка, Финска, Литванија, Холандија, Романија и Словенија, наведува британската агенција.
Хрватските медиуми јавуваат дека Хрватска и Естонија сакале да учествуваат, но не се меѓу земјите потписнички.
Проектот би требало да ги пополни постоечките празнини во сегашниот штит за Европа. Дефицит има, во однос на балистичките проектили, но и во одбраната од дронови и крстосувачки проектили.
Германија најави дека „во следните години значително ќе вложува во противвоздушната одбрана во рамки на НАТО“.
Меѓу другото, сега преку европската иницијативна „Европски штит“ заеднички ќе се купуваат нови оружени системи кои заедно ќе покриваат големи подрачја.
Според германскиот канцелар Олаф Шолц иницијативата идната противвоздушна одбрана од самиот почеток ја замислува на таков начин за европските сојузници да можат да бидат вклучени по желба.