Канцеларот Олаф Шолц и неговата влада, кои одлучија да вложат 100 милијарди евра во модернизација на германската војска која е во загрижувачка состојба, веќе се шест месеци мета на критики, пред сè од украинските власти, поради тоа што наводно се колебаат да му испраќаат оружје на Киев.
Берлин на почетокот на јуни најави испорака на системот за противвоздушна одбрана Ирис-Т на германскиот произведувач Диел кој може, како што истакна Шолц, „целосно да заштити голем град од руските воздушни напади“.