Германија и Франција се борат за позицијата европски лидер во НАТО

Франција и Германија се натпреварувале за стекнување на европското лидерство во НАТО во средата во Брисел, за време на првата средба на министрите за надворешни работи на НАТО, откако францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека Алијансата е во „клиничка смрт“.

Јавната дебата за природата на воениот пакт се случува пред самитот на НАТО во Лондон за две недели, кој ќе ја одбележи 70-годишнината на организацијата.

Прашањето на довербата во американскиот претседател Доналд Трамп, турскиот упад во Сирија, кој го критикуваа бројни членки на Алијансата, и американските критики дека европските членки не издвојуваат доволно средства за одбрана, се некои од проблемите со кои се соочува НАТО.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас порача на состанокот дека Европа не смее да биде одвоена од САД и предложи генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да формира комисија на експерти, кои би расправале за стратегиските прашања.

Одвоено од тој предлог, францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив ле Дријан, предложи формирање група „мудреци“, која би ја разгледувала иднината на НАТО, изјавија двајца дипломати за Ројтерс.

Макрон во интервјуто за Економист, дадено на 7 ноември, се заложи за поголема европска одбранбена интеграција за побрзо да може да се одговори на кризите во близина на европските граници, без НАТО или САД.

Тој предупреди на недостигот од координираност на европските сојузници од една и САД и Турција од друга страна.

„Важното е што политичкото крило на НАТО е зајакнато“, им кажа Мас на новинарите. „НАТО е животното осугурување на Европа“, истакна тој.

Ле Дријан во средата не зборуваше јавно, но дел од дипломатите кажаа дека гледаат во Париз за да ги постават табу прашањата, како квалитетот на американското лидерство, земајќи ја предвид претходната изјава дека НАТО е застарено.

„Станува збор за тоа кој би требало да биде природен лидер на Европа: Париз или Берлин, или можеби заедно, и во која насока се движи НАТО“, кажа еден високорангиран дипломат на НАТО за Ројтерс.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе