Германија и Франција демонстративно ги напуштија преговорите за СЗО поради САД

Германија и Франција ги напуштија преговорите за реформа на Светската здравствена организација (СЗО) фрустрирани од обидите на САД да ги водат преговорите иако решија да ја напуштат таа организација, соопштија функционери на тие земји.

EPA-EFE

Нивниот потег е удар за американскиот претседател Доналд Трамп бидејќи Вашингтон, кој во моментов претседава со групата Г7, се надеваше дека во септември ќе објави заеднички план за сеопфатна реформа на СЗО, два месеци пред американските претседателски избори.

САД на СЗО во јули му соопшти дека излегува на една година откако Трамп ја обвини организацијата дека премногу блиска со Кина и дека лошо раководи со пандемијата на коронавирусот. СЗО ги отфрли сите обвинувања.

Европските влади исто така ја критикуваат СЗО, но не одат толку далеку како Вашингтон.

„Никој не сака да биде вовлечен во реформскиот процес и да добие за тоа нацрт од земјата која самата ја напуштила СЗО“, кажа висок европски функционер кој учествува во преговорите.

На прашањето да ја потврдат одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на Германија, Франција, Британија и Италија немаа коментар.

Но француското министерство за здравство соопшти: „САД не смеат да бидат предводник на реформите во СЗО откако објавија дека планираат да ја напуштат организацијата“.

На прашањето за ставот на Франција и Германија, висок функционер на администрацијата на Трамп кажа: „Сите лидери на групата Г7 експлицитно ја поддржаа суштината на идејата за реформа на СЗО“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе