Германија и Франција со дополнителна поддршка за СЗО во борбата против вирусот

Франција и Германија во четвртокот ѝ дадоа политичка и финансиска поддршка на Светската здравствена организација (СЗО) во нејзината борба против пандемијата ковид-19, а Берлин најави дека оваа година ќе ѝ даде рекордни половина милијарда евра во пари и опрема.

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека агенцијата, која САД ја критикува дека била бавна во одговорот на пандемијата, добива поддршка што ѝ е потребна и дека разговорите биле „многу продуктивни“.

„Денес ја добиваме целата поддршка што ни е потребна, политички и финансиски. И Германија и Франција веќе долго време се пријатели на СЗО и глобалното здравство“, рече Тедрос Гебрејесус на прес-конференцијата во седиштето на СЗО.

„Изолираните национални одговори на меѓународните проблеми се осудени на пропаст“, рече германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Тој најави дополнителни донации во пари и медицинска опрема за СЗО со што вкупната помош од Германија оваа година ќе достигне 500 милиони евра, „најголема сума досега“, во време кога земјата го презема претседателството со ЕУ.

„Германија ќе ја одигра својата улога во обезбедувањето на потребната политичка, финансиска и техничка поддршка за СЗО. Ова доаѓа со очекување адекватно да се одговори на преостанатите предизвици и да се спроведат потребните реформи“.

Франција соопшти дека 90 милиони евра ќе му даде на истражувачкиот центар на СЗО во Лион, и дополнителни 50 милиони евра.

„Навистина верувам дека на светот, повеќе од кога и да било, му е потреба мултилатерална организација“, рече францускиот министер за здравство Оливие Веран. „Мислам дека светот не може да се лишува од партнер. Потребен ни е глобален одговор на ковид-19 и само СЗО може да го даде“.

Повеќе од 9,47 милиони луѓе ширум светот се заразени со новиот коронавирус, а од ковид-19 досега починале 482.389, според податоците на Ројтерс.

„Ситуацијата во Западна Европа се подобрува. Во остатокот од светот, пандемијата е во пораст“, рече Тедрос Гебрејесус.

Европските влади работат со Соединетите Држави на планови за реформа на СЗО, што укажува дека и Европа дели некои загрижености што го натерале Вашингтон да се закани дека ќе се повлече од организацијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе