Североисточна Сирија

Германија и ЕУ ја повикаа Турција да ги прекине нападите, НАТО побара „пропорционалност“ (ВИДЕО)

Висок функционер на Европската Унија ја повика Турција да ја запре воената операција во северна Сирија и предупреди дека ЕУ нема да плаќа за да ѝ помогне на Анкара таму да воспостави безбедна зона.

Говорејќи пред законодавците на ЕУ денеска, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер рече: „Ја повикувам Турција, како и другите актери, да се однесуваат воздржано и веднаш, додека зборуваме, да престанат со операциите што се во тек“.

И покрај тоа што призна дека Турција е загрижена за безбедноста на границата со Сирија, Јункер рече дека „ако турскиот план вклучува создавање таканаречена безбедна зона, не очекувајте Европската Унија да плаќа за ништо од тоа“.

ЕУ ѝ плаќа на Турција 6 милијарди евра за да ѝ помогне на земјата да се справи со скоро 4 милиони сириски бегалци на нејзината територија во замена за запирање на мигрантите што заминуваат кон Европа. Но Анкара бара повеќе пари поради загриженост дека илјадници Сиријци наскоро би можеле да ја преминат нејзината граница.

И министерот за надворешни работи на Германија исто така ја осуди офанзивата на Турција во северна Сирија и ја повика Анкара да ја прекине воената акција, велејќи дека така се заканува „понатамошна хуманитарна катастрофа и натамошно раселување на лица“.

„Најжестоко ја осудуваме турската офанзива на североистокот на Сирија“, рече денеска министерот за надворешни работи Хеико Маас.

Тој рече дека Турција ризикува „да го дестабилизира регионот и да ја зајакне ИСИС“.

Маас рече дека на Сирија ѝ е потребна стабилност по осумте години војна и дека првиот чекор треба да биде во блиска иднина да се свика конститутивен комитет: „Ја повикуваме Турција да ја прекине својата офанзива и да ги остварува своите безбедносни интереси на мирен начин.“

Генералниот секретар на НАТО, пак, ја повика Турција да не го „дестабилизира регионот дополнително“ со својата воена акција во северна Сирија.

Јенс Столтенберг на прес-конференција во Рим изјави дека Турција, сојузник на НАТО, „има легитимни безбедносни грижи“, претрпе „ужасни терористички напади“ и прими илјадници бегалци.

Тој рече дека НАТО е информирано за тековната операција на Турција во северна Сирија и додаде: „Важно е да се избегнат дејства што може дополнително да го дестабилизираат регионот, да ги ескалираат тензиите и да предизвикаат уште повеќе човечко страдање“.

Тој рече дека Турција треба да дејствува „воздржано“ и дека секоја акција треба да биде „пропорционална“.

Столтенберг ќе разговара за воената акција со водачот на Турција в петок во Истанбул.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе