Грижата за пациенти со коронавирус ги премина границите

Германија го прифати првиот Италијанец со коронавирус

Германските болници со резервен капацитет во вторникот ги пречекаа своите први пациенти со коронавирус од Италија, каде во презаситениот здравствен систем пандемијата уби повеќе луѓе отколку во која било друга земја.

Воочи подготовките на германските власти за очекуваниот пораст на домашните зарази, на аеродромот во Лајпциг во источната држава Саксонија во вторникот наутро пристигна првата група од шестмина италијански пациенти.

Западната држава Северна Рајна-Вестфалија исто така објави планови во текот на следните денови да прими 10 италијански пациенти. „Потребна ни е солидарност преку границите во Европа“, рече државниот премиер Армин Лашет. „Сакаме да го сочуваме европскиот дух“, пренесе Ројтерс.

Премиерот на Саксонија, Мајкл Кретсмер, рече дека владата во Италија, каде потврдените случаи на коронавирус се искачиле на 64.000, а смртните случаи се искачиле над 6.000, побарала помош. Германија е прва земја што прифати италијански пациенти.

Универзитетската болница во Лајпциг прими двајца од транспортираните пациенти, изјави портпаролот, и двајцата во сериозна состојба 57-годишни мажи пренесени од интензивна нега во Бергамо, од епицентарот на Италија каде преоптоварените одделенија мора да бираат на кому да му го спасат животот со помош на респиратот.

Придобивката за Германија од трансферите е што нејзините болници ќе стекнат драгоцено дополнително искуство во лекувањето на пациенти со коронавирус пред бројот на сериозни случаи во земјата да порасне.

Германија има 27.000 потврдени случаи на коронавирус, но само 114 смртни случаи и сака да ги зајакне капацитетите на интензивна нега пред очекуваниот пораст.

Владата им понуди огромни државни субвенции на болниците да ги забрзаат плановите за двојно да ги зголемат капацитетите, во моментов околу 28.000 легла.

Германските болници во вторникот зедоа пациенти со коронавирус и од Франција.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе