„Понудената помош ќе биде исплатена врз доброволна основа“

Германија ги одби барањата на две племиња во Намибија за отштета за масакр од колонијалната ера

Германските власти го одбија барањето на две племиња од Намибија за отштета за масакр од колонијалната ера и додадоа дека понудената помош од 1,1 милијарди евра ќе биде исплатена на доброволна основа.

EPA-EFE

Властите, кои неодамна масакрот го означија како геноцид, наведоа дека усвоија текст со кој сметаат дека се завршени преговорите со Намибија почнати во 2015.

„Сметаме дека текстот кој го парафиравме претставува добра основа за конечно затворање на преговорите“, изјави шефот на германската дипломатија Хеико Мас во обраќањето на долниот дом на парламентот Бундестагот.

Текстот на договорот кој беше претставен и усвоен во мај беше мета на критики во Намибија, бидејќи некои функционери оценија дека договорениот паричен надомест не е доволен.

„Договорот е склучен исклучиво на доброволна основа и не постои правна основа за плаќање“, кажа Мас и додаде дека признавањето на геноцидот не отвора пат кон правно барање за отштета.

Според текстот склучен во мај со властите на Намибија, Германија се обврза дека во текот на 30 години ќе пружи развојна помош во износ од 1,1 милијарда евра, што би требало да им биде од корист на двете племиња.

Договорот уште треба да го усвојат парламентите на двете земји, а предвидува и официјално извинување на Германија.

Околу 60.000 припадници на племето Хереро и 10.000 припадници на племето Нама биле убиени од 1904 до 1908, бидејќи се побуниле против Германците, кои локалното население го подложиле на строг режим.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе