Германија донесе закон за напуштање на јагленот и затворање на нуклеарните централи

Германскиот парламент Бундестаг донесе закон за отфрлање на јагленот како гориво во енергетиката, според кој најдоцна до 2038 година би престанале со работа сите објекти за производство на енергија од јаглен и други фосилни горива, а нуклеарните централи би требало да се затворат до 2022 година.

EPA-EFE

За поддршка во преодниот период до воспоставувањето на енергетика со ниско или нулта ниво на емисија на јаглерод, државата според новиот закон до 2038 операторите на централите и вработените ќе ги поддржи со вкупен износ до 14 милијарди евра.

Сојузната влада се обврза и дека ќе преземе дополнителни мерки во износ од 26 милијарди евра за населението каде економијата зависи од производството на јаглен.

Германскиот министер за економија Петер Алтмаер кажа дека законот за напуштање на јагленот е историски и дека со него се обезбедуваат заштита на климата и одржливост.

„Сето тоа значи дека ја намалуваме емисијата на јаглерод диоксид за третина и создаваме нови работни места за оние кои се погодени од отфрлањето на јагленот“, кажа Алтмаер.

Што се однесува до нуклеарните централи, новиот закон е операционализација на договорот на германската владејачка коалиција од крајот на мај, која се усогласи дека Германија до 2022 година ќе ги изгаси сите свои нуклеарни реактори.

Германија со нуклеарките покриваше 23 отсто од своите потреби за електрична енергија и ќе мора до 2022 година да најде начин како тоа да го надомести.

Одлуката за прекинување на нивната работа до 2022 е речиси враќање на одлуката на социјалдемократско-зелената влада од 2000 за датумот на престанување на работата на нуклеарките, која демохристијанската коалиција на Ангела Меркел ја ревидираше, но несреќата во Фукушима и големото незадоволство од јавноста ја примораа канцеларката да формира специјална комисија која повторно одлучуваше за ставање клуч во бравата на сите нуклеарни централи.

На затворањето на нуклеарките се противат четирите големи компании РВЕ, ЕОН, Ватенфал и ЕнБВ кои управуваат со нив. Сметаат дека нивното затворање силно ќе се одрази на германската индустриска база.

Користењето на нуклеарната енергија веќе со години е проблем во Германија, а одлуката за затворање на нуклеарките ја поттикна и историската победа на Партијата на зелените на изборите во Баден-Вуртемберг во март, сѐ дотогаш историско упориште на конзервативната ЦДУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе