Германија би можела да ја стави Турција на листата на опасни земји

Германската влада размислува за можноста да ја стави Турција на листата на земји кои претставуваат висок ризик за агентите на разузнавачките служби, полициските и воените службеници, јавија синоќа весникот Зидојче цајтунг и две германски телевизии.

Извештајот доаѓа во време на засилени тензии меѓу двата НАТО партнери и изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел за неопходноста од ограничување на продажбата на оружје на Турција, на што се спротивстави канцеларката Ангела Меркел со изговор дека тоа би ѝ наштетило на заедничката борба против Исламска држава.

Зидојче цајтунг и телевизиите ВДР и НДР ја пренесоа изјавата на портпаролот на германското министерство за внатрешни работи кој кажа дека листата во моментот е под ревизија.

„Во рамки на оваа постапка, министерството за внатрешни работи размислува дали ќе ја додаде Турција на таа листа“, кажа портпаролот. На таа листа во моментов се наоѓаат Кина, Русија, Пакистан, Северна Кореја и уште 26 земји.

Некои германски разузнавачки служби кои ја сметаат Турција повеќе за непријател отколку за партнер повикаа на проширување на разузнавачкиот надзор на активностите на земјата против исламистичките групи, истакнуваат германските медиуми.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе