Германец во Швајцарија возел 249 км/ч, би можел со години да биде во затвор

Еден германски државјанин е фатен во Швајцарија како вози со брзина од 249 км/ч на место каде што е дозволено да се вози 120 км/ч и сега, покрај паричната казна и одземањето на возачката дозвола, му се заканува и затворска казна, јавуваат германски медиуми.

34-годишниот Германец, кој живее во близина на Базел, во неделата на автопатот А7 во близина на Боденското Езеро возел 249 км/ч со автомобил сеат леон СТ.

Полицијата на лице место на германскиот државјанин му ја одземала возачката дозвола и му го запленила автомобилот, а него го притворила. Пребрзото возење во Швајцарија се третира како кривично дело а не како прекршок и се предвидени затворски казни во траење од една до четири години.

Во Швајцарија висината на паричната казна зависи од приходите на извршителот.

Во 2014 година германски државјанин беше фатен со брзина од 200 км/ч во тунелот Готхард, по што беше осуден на 30 месеци затвор.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе