„Но, не смееме да застанеме на ова. Следната година имаме намера да донираме уште најмалку 75 милиони дози“, рече Шулце. Таа се согласи со министерот за здравство Карл Лаутербах дека оваа донација не треба да биде на сметка на вакцинацијата на германските граѓани. Таа додаде дека ќе успее да го снабди и сопственото население и посиромашните земји.
„Ефектите од пандемијата во овие земји се навистина брутални. Насилството врз жените е во пораст, има повеќе прекршувања на човековите права. Она на што сме сведоци сега е драматично“, рече таа. Сепак, Шулце ги отфрли долготрајните повици да се отстрани патентната заштита за производителите на вакцини.
„Би била отворена за тоа доколку тоа сега би ни било од помош. Но, процесот на производство на модерните вакцини е технички толку тежок и сложен што суспензијата воопшто не би помогнала“, рече таа.
Она што е потребно, рече Шулце, е производство на глобално ниво во соработка со производителите. Таа додаде дека Германија помага да се обучат специјалисти за планираната фабрика за производство на вакцини на Бионтек во Руанда.