Германците сметаат дека здравјето на Меркел е нејзина приватна работа

Повеќето Германци веруваат дека здравјето на канцеларката Ангела Меркел е нејзина приватна работа и дека не е обврзана јавно да објавува детали, покажа истражувањето на јавното мислење.

На прашањето дали Ангела Меркел треба да ѝ сподели на јавноста детални информации за својата здравствена состојба, 59 отсто од Германците веруваат дека тоа е нејзина работа.

Од друга страна, 34 отсто од испитаниците веруваат дека деталите за здравјето на канцеларката треба да бидат објавени, ги пренесе Ројтерс резултатите од истражувањето на весникот Аугсбургер Алгемајне, спроведен од страна на институтот Сиви.

Меркел, која следната недела ќе наполни 65 години, во последните недели во јавноста доживеа три пати тремор, а во четвртокот дури и го прекрши протоколот и седеше при интонацијата на химната за време на приемот на данската премиерка.

Таа во неколку наврати изјави дека се чувствува добро, но не даде детали за своето здравје.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе