Анкета

Германците сакаат Трамп да ги повлече американските војници од Германија

Американскиот претседател рече дека трошењето американски пари за воена заштита на Европа е неодржливо.

Германците, всушност, би го поздравиле повлекувањето на американските војници стационирани во нивната земја, открива една нова анкета - додека Доналд Трамп се заканува дека ќе ја повлече воената помош.

Ова откритие доаѓа на првиот ден од самитот на НАТО во кој американскиот претседател ја повикува Европа да троши повеќе на одбраната ако сака да продолжи да ја прима американската воена заштита.

Но ова Германците не го гледаат како закана, открива анкетата Југов за новинската агенција дпа - повеќе Германци ќе му се израдуваат на заминувањето на 35.000-те американски војници отколку што ќе бидат против него.

На анкетата 42 отсто рекле дека го поддржуваат повлекувањето, додека само 37 отсто сакаат војниците да останат, со 21 процент неодлучни.

Минатиот месец американските медиуми објавија дека американската влада е во процес на проценување на трошоците за своите војници во Германија пред можното повлекување, наведувајќи извори од Пентагон.

Но ова не стигна до преговарачката маса на самитот во Брисел и не се очекува да се дискутира како можност - засега.

Повлекувањето на САД ужива значителна поддршка од целиот политички спектар во Германија, но таа е особено силна кај приврзаниците на одредени партии, како на пример кај гласачите за левичарската Ди Линке и поддржувачите на екстремно десничарската АфД. Зелените исто така го поддржуваат повлекувањето.

Повлекувањето помалку го поддржуваат гласачите на централнодесничарската ЦДУ, на канцеларката Ангела Меркел, на СПД и на ФДП.

Истата анкета покажа значително противење на милитаризмот воопшто во земјата. Само 15 отсто од сите Германци се согласуваат со Ангела Меркел дека земјата треба да ги зголеми своите воени трошоци на 2 отсто од БДП до 2024 година, при што 36 отсто велат дека земјата веќе троши премногу за својата војска.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе