Германците масовно протестираат против мерките, политичарите ги нарекуваат ковид-идиоти (ВИДЕО)

Вкупно 18 полицајци се поврдени во растерувањето на демонстрантите во Берлин откако полицијата прекина голем собир против мерките воведени за сузбивање на коронавирусот, одржан и покрај порастот на бројот на новозаразени, објави денес германската полиција. Тројца полицајци се префлени во болница.

EPA-EFE

Организаторите на собирот одржан вчера не се погрижиле да се следат безбедносните препораки, изјави полицискиот портпарол.

Полицијата го прекина настанот на кој присуствуваа околу 20.000 луѓе. Кога некои од присутните не се тргнале, полицијата ги информирала дека прават прекршок, што ги предизвикало демонстрантите на насилство.

Полицајците од сцената тргнале неколку организатори, на општо негодување на насобраните и применила сила кога еден од нив не сакал да ги послуша.

Полицијата тврди дека околу 17.000 луѓе учествувале во првичната поворка низ градскиот центар која завршила ка Бранденбуршката порта. Организаторите тврдат дека се собрале 1,3 милиони луѓе.

ПОлицијата соопшти дека распоредила 1.100 припадници на безбедносните сили вчера да го надгледуваат настанот и да ја растераат толпата. Ќе поднесат тужба против организаторите кои не се придржувале до безбедносните прописи.

Малку од насобраните носеле маски и се придржувале до физичката дистанца.

Демонстрантите шетале низ градот повикувајќи на „слобода“ и „отпор“ и извикувале дека „Панедмијата на коронавирусот е најголемата теорија на заговор“.

Многумина носеле знаци од местата од каде што дошле и знамиња на разни германски држави.

Неколку политичари изразија негодување околу организирањето на протестит и укажаа на актуелната неповолна епидемиолошка ситуација во Германија.

„Илјадници ковид-идиоти создаваат втор бран во Берлин: без маски, без дистанца. Тие со тоа не само што го загрозуваат нашето здравје туку и нашите успеси во борбата против пандемијата, а со тоа и борбата за повторно оживување на економијата, образованието и општеството. Целосно неодговорно“, порача преку Твитер Саскија Ескен, претседателка на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД).

Демохристијанскиот политичар од сојузната покраина Бранденбург Јан Редман укажа на неодговорното однесување на демонстрантите во момент кога државниот епидемиолошки институт Роберт Кох предупредува на пораст на бројот на заразените во Германија и опасноста од втор бран на епидемијата.

„Повторно имаме повеќе од 1.000 нови заразени во Берлин дневно, а тие протестираат против мерките? Мора да ставиме крај на таа опасна глупост“, порача Редман преку Твитер.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ги критикуваше присутните на протестот за тоа што не ги почитувале здравствените правила, истакнувајќи дека имаат право да протестираат.

„Да, дури и во екот на пандемијата протестите треба да бидат дозволени. Но не на овој начин“, напиша Шпан на Твитер. „Физичката дистанца, здравствените и безбедносните правила и носењето заштитни маски служат за тоа сите да бидат заштитени, и само разумот, упорноста и тимскиот дух можат да помогнат во победата над пандемијата“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе