Шефот на рускиот Совет за безбедност: Саботажата на Северен тек е како нападот на ЦИА од 1983

Саботажата на гасоводот Северен тек личи на нападот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) на нафтената инфраструктура во Никарагва, кажа генералниот секретар на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев, додека Москва бара да учествува во истрагата на истекувањето на гасот во Балтичкото море.

EPA-EFE

Подводни експлозии во септември предизвикаа истекување на рускиот гас од двата крака на гасоводот Северен тек во Балтичкото Море поради што Русија и Западот меѓусебно се обвинуваат за саботажа.

Претседателот на Русија Владимир Путин во петокот посочи кон Соединетите Американски Држави и нивните сојузници како виновници за експлозиите, што официјален Вашингтон го отфрли, а Европската Унија објави дека како последица на саботажата истекле огромни количества гас. Москва инсистира нејзини експерти да учествуваат во истрагата за истекувањето на гасот, пренесуваат агенциите.

Патрушев конкретно ја спомна американската Централна разузнавачка агенција.

„Потсетувам дека слична ситуација се случи во 1983“, кажа Патрушев. „Тогаш саботери ангажирани од ЦИА организираа напади на Никарагва што предизвика експлозии на гасовод во едно пристаниште“.

Уште минатата недела Патрушев кажа дека Западот веќе извршувал напади на гасоводи.

Русија истакнува дека експлозиите на руско-германскиот гасовод му одат од рака само на Вашингтон, а портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека сега, по оштетувањето на гасоводот под Балтичкото Море, САД ќе можат да ги зголемат цените и испораките на својот течен гас за извоз.

Шведска, која е задолжена за истрагата, забрани пристап до местата на саботажата во Балтичкото Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе