Генералниот секретар на ОН: Светот е на раб на климатска бездна

Минатата година била една од трите најтопли во историјата на мерењата и ја обележале пожари, поплави, суши и топење на глечерите, се наведува во извештајот на Обединетите нации, во кој генералниот секретар на светската организација предупредува дека светот е на „раб на бездна“.

EPA-EFE

Во 2020 се случил „двоен удар“ за милиони жители погодени од екстремните климатски услови и рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот поради кои во некои региони доцнела помошта, предупреди Светската метеоролошка организација (СМО) на ОН.

Извештајот Состојбата на светската клима, објавен пред самитот на тема климатски промени кој ќе се одржи на 22 и 23 април, ги потврдува тие заклучоци.

„На работ сме на бездна. Гледаме рекордни количества тропски бури, топење на ледените прекривки и глечери, суши, топлотни бранови и шумски пожари“, кажа Антонио Гутереш.

Извештајот покажува дека глобалната температура во 2020 била за 1,2 Целзиусови степени повисока од прединдустрискиот период, што ја става меѓу трите најтопли години, со 2016 и 2019.

Портпаролката на СМО истакна дека поради маргината на статистичка грешка е тешко да се одреди која од трите била најтопла.

Меѓу индикаторите кои се истакнуваат во извештајот се рекордно ниското ниво на ледот на Арктикот во два месеци од минатата година и податокот дека околу 80 отсто од океаните во 2020 имале барем еден топлотен бран.

САД имале рекордно количество пожари и бури, а само ураганот Лаура, кој ја погоди Луизијана на 27 август, предизвикал 19 милијарди долари штета.

Во Долината на смртта во Калифорнија минатата година во август е регистрирана највисоката температура во последните 80 години, 54,4 Целзиусови степени, се наведува во извештајот.

Областа Фурнис крик, која се наоѓа во тој национален парк и е под нивото на морето, и претходно била носител на титулата локација со рекордна температура. Според податоците на Американскиот геолошки завод, таму во 1913 година се забележани 56,7 степени, но дел од научниците се сомневаат во точноста на тоа мерење.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе