Генералниот секретар на ОН: Пандемијата му се заканува на целото човештво (ВИДЕО)

Пандемијата на коронавирусот му се заканува на целото човештво, предупреди генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, јавува Франс прес со податок дека во светот има повеќе од 450.000 заразени.

„Целото човештво мора да одговори. Акцијата и солидарноста на глобално ниво се клучни“, истакна Гутереш.

Тој претстави „светски хуманитарен план“ за поддршка на најсиромашните земји.

„Целта на тој план е да се бориме против вирусот во најсиромашните земји во светот и да одговориме на потребите на најранливите, пред сѐ жените и децата, постарите лица, лицата со инвалидитет и хроничните болни“, порача генералниот секретар на ОН во видео порака.

Бројот на дијагностицираните случаи е само дел од реалниот број на заразените бидејќи најголемиот број земји ги тестираат само тешките случаи.

Претходно вчера Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со заедничко соопштение ги повикаа земјите кредитори веднаш да го олеснат исплаќањето на долговите за најсиромашните земји кои се борат со тешките последици на пандемијата на коронавирусот.

Станува збор за членките на Меѓународната развојна асоцијација (ИДА), во кои живее четвртина од светското население и две ретини од најсиромашните луѓе во светот, а нив епидемијата најмногу ќе ги погоди.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе